(ВИДЕО) Пожар во Дојран: зафатени три куќи, се евакура населението

Од:

Три куќи се зафатени од пожарот кој избувнал на депонијата во Дојран информираше директорот на ЦУК Стојанче Ангелов.

Како што информира Ангелов, се врши евакуација на локалното население и засега нема повредени.

Заменик генералниот директор на „Национални шуми“, Кире Михаилов претходно повика противпожарните служби од околните градови да помогнат во справувањето со огнот.

Михаилов вели дека дојранската депонија била заклучена и оставена без чувар и запалена, а поради тоа противпожарните екипи не биле во можност да влезат веднаш во депонијата и да го спречат пожар да се прошири кон Карабалија, а поради ветрот огнот опасно се доближува кон Стар Дојран и е надвор од контрола.

Би можело да ве интересира

Еден активен пожар и еден под контрола од вчерашните 22 на отворено низ државава

Вкупно 39 пожари на отворено вчера, пет сѐ уште активни

Локализиран пожарот во близина на железничката пруга во Кисела Вода

ВИДЕО: Гори во Визбегово

Катерина Ѓуровски

Пожари кај Железничка, во Визбегово и во Сопиште

Катерина Ѓуровски

Состојбата со пожарите на отворено повторно се влошува, гори на пет локации