Путин му ја честиташе победата на Мадуро: Секогаш сте добредојден гостин во Русија

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин денеска му честиташе на Николас Мадуро за неговиот реизбор за претседател на Венецуела и ја потврди подготвеноста на Москва да продолжи со заедничката работа на актуелните прашања од билатералната и меѓународната соработка меѓу двете земји, соопшти Кремљ.

Тој додаде дека руско-венецуелските односи по својата природа се „стратешко партнерство“ и дека е убеден дека активностите на Мадуро на чело на државата ќе продолжат да придонесуваат за прогресивен развој на односите меѓу двете земји во сите правци.

„Би сакал да ја потврдам нашата подготвеност да продолжиме со конструктивна заедничка работа за актуелните прашања од билатералната и меѓународната агенда. Не заборавајте дека секогаш сте добредојден гостин на руска почва“, се вели во честитката на Путин.

Би можело да ве интересира

„Шпигел“: Путин се заканува со нови напади

Орбан: Западните земји треба многу сериозно да ја сфатат изјавата на Путин за примената на „орешкин“

Путин: Ја погодивме Украина со нова ракета со среден дострел

Горан Наумовски

Трајна неутралност на Украина, воени ограничувања за Киев, што бара Путин за да договри примирје со Трамп

Што значи новата руска нуклеарна доктрина што ја потпиша Путин

Олаф Шолц: Ставовите на Путин за војната во Украина не се променети