Опозицијата во Венецуела тврди: Гонзалес освои 70 отсто од гласовите на претседателските избори

Од:

Лидерот на опозицијата во Венецуела, Марија Корина Мачадо, тврди дека опозицискиот кандидат Едмундо Гонзалес освоил 70 отсто од гласовите на претседателските избори во таа земја.

Нејзината изјава дојде откако Националниот изборен совет на Венецуела објави дека, врз основа на резултатите од обработените 80 отсто од избирачките места, актуелниот венецуелски претседател Николас Мадуро освоил 51,2 отсто од гласовите и победил на претседателските избори во неделата, обезбедувајќи трет мандат.

Неговиот противкандидат, опозицискиот претставник Едмундо Гонзалес Урутија, според изборната комисија, освоил 44,2 отсто од гласовите.

Би можело да ве интересира

Шест странци уапсени во Венецуела за наводен заговор на ЦИА за убиство на Мадуро

Чистка во Венецуела: Сменети се сите кои одлучуваат за нафтата

Мадуро одлучи: Божиќ ќе се слави на 1 октомври

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Членови на Вагнер забележани во Венецуела: „Каде и да одат носат смрт“

Венецуелската опозиција го обвини Мадуро за киднапирање по апсењето на пратеникот

Демонстрантите во Венецуела ја урнаа статуата на Уго Чавез: Насилни протести по претседателските избори

Горан Наумовски