Италијанец ќе го памети ОИ: Го носеше државното знаме, па го загуби свршеничкиот прстен

Од:

Актуелниот олимписки шампион и светски шампион во скок во височина Италијанецот Џанмарко Тамбери ќе го памети отворањето на Олимписките игри во Париз по најмалку две работи – го носеше државното знаме за време на парадата на олимпијците покрај реката Сена и остана без свршеничкиот прстен.

Тамбери толку се занесе мавтајќи го знамето од чамецот што италијанските олимпијци за време на церемонијата пловеа по Сена што прстенот му се лизна од прстот и падна во реката.

„Беше премногу вода, изгубив премногу килограми во последните месеци или можеби огромен ентузијазам за она што го правев“. Веројатно сите три работи, останува фактот дека почувствував како се лизга, го видов како лета… Го следев со моите очи додека не го видов како скока во чамецот“, го цитира Си-ен-ен објаснувањето на Тамбери.

„Жал ми е љубов моја, многу ми е жал“, напиша италијанскиот олимпиец подоцна на Инстаграм, покрај фотографијата со сопругата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Спектакуларен крај на Игрите во Париз, Том Круз го однесе олимпиското знамето во Лос Анџелес

Еуроспорт се извини за хрватското знаме покрај името на Ѓоковиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ прво славеше со оро, па во омилениот ресторан до рано наутро

(ВИДЕО) Ѓоковиќ со шампањ го прослави златниот медал на Олимписките игри

A1on

ВИДЕО: Фемке Бол во луда трка обезбеди злато за холандската штафета

Катерина Ѓуровски

Алжирската боксерка која беше жртва на лажни обвинувања осигура медал, се расплака во рингот