Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја одобри новата транша во вредност од една милијарда долари во рамките на програмата за спас на Ирска.
По колапсот на најголемите банки, кон крајот на 2010 година Ирска беше принудена да побара финансиска помош од европските партнери и од ММФ. Земјата доби пакет-помош за спас во вредност од 85 милијарди евра во замена за исклучително строги мерки за штедење.
Земјата претставува пример меѓу државите од еврозоната што добија финансиска помош. Таа си постави за цел да заврши со програмата за спас до крајот на годината. Сепак, економијата на земјата останува ранлива, а како доказ за тоа е повторното запаѓање во рецесија кон крајот на месец јуни.
ММФ очекува ирската економија во вториот квартал да забележи пад од 1,2 проценти на годишно ниво, како резултата на намалувањето на извозот и на домашната побарувачка. Сепак, постојат индикации дека во втората половина од годината економијата ќе забележи раст.