Полицијата синоќа на подрачјето на Центар ги уапсила С.Џ.(24) и малолетник, двајцата од Скопје. Тие се сомничат дека околу 17 часот во трговски центар во Скопје со закана со остар и со тврд предмет се обиделе од петмина малолетници да одземат пари.
Како што информира МВР, со лицата бил извршен службен разговор во полициска станица.
– По целосно документирање на случајот Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар при СВР Скопје ќе поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „разбојништво во обид“, се наведува во соопштението.