Министерството за здравство ќе бара фирма за комперсорската станица на Клинички, Таравари најави нов тендер

Од:

Министерството за за здравство ќе го распише новиот тендер за компресорската станица за операционите сали во Клинички центар потврди денеска министерот Арбен Таравари. Ваква информација била прифатена на последната седница на Владата рече министерот.

Министерството за здравство ќе распише тендер за обнова на компресорската станица, а ако повторно ниедна фирма не се јави да го изведе проектот, тогаш ќе има директен договор.

– Се надевам што побрзо да започне процедурата и да се решат сите проблеми што ги имаме со хируршките сали кои ни се наследени. Ќе има јавна набавка зашто сакаме што потранспарентно и со побрзи рокови да го изведеме сето тоа. Како услов во тендерот ќе наведеме зафатот да се заврши за три до четири месеци. Не можам да кажам со сигурност дали фирма ќе се пријави или нема да се пријави. Со оглед на тоа што оваа обврска мора да се заврши во најкраток можен рок, Министерството за здравство ја презеде обврската за јавната набавка. Ако не се пријави економски оператор, ќе одиме на опција на директен договор со изведувач што може да го сработи ова Дотогаш ќе мора да се функционира како досега, со надворешни компресори. Вака ќе функционираме до ноември или декември кога ќе заврши поставувањето на новата инсталација и новата компресорска станица – рече Таравари.

Додека се реши проблемот на Клинички со компресорската станица, поголем ангажман ќе имаат хирурзите во ГОБ „8 Септември“ и старата Градска болница.

Министерството за здравство уште ги нема добиено резултатите од анализите испратени во Германија, за да се утврди што точно е проблемот со компресорската станица од која зависат сите хируршки клиники.

Би можело да ве интересира

Таравари: Ако има избори следната година, Ахмети во 2026 ќе бара нови

Катерина Ѓуровски

Крилото на Села ја спори легитимноста на конгресот на Таравари

Таравари: Ова е лудница, албанската опозиција критикува за закон кој тие го донесоа

Катерина Ѓуровски

ДУИ бара Таравари да поднесе оставка

Таравари: Не сум за бркање лекари од работа, но мерки мора да има за случајот со починатото бебе

Таравари прими вакцина за сезонски грип