ВИДЕО: Мишел и Барак Обама ја поддржаа Камала Харис

Од:

Поранешниот американски претседател Барак Обама ја поддржа кампањата на Камала Харис, која, секако, треба да биде номинирана од Демократската партија за американските избори, откако Џозеф Бајден се повлече од претседателската трка.

На профилот на X Network, Камала Харис објави телефонски разговор меѓу неа и Барак и Мишел Обама.

„Мишел и јас не можевме да бидеме погорди што ве поддржавме и направивме сè што можеме за да ви помогнеме да победите на овие избори и да влезете во Овалната соба“, ѝ рекол Обама на Харис.

„Ви благодарам. Тоа многу ми значи“, одговорила Харис.

Во разговорот се вклучила и поранешната прва дама на Америка, сопругата на Барак – Мишел, која рекла дека е горда на Камала.

Харис одговори дека зборовите на поддршка и пријателство што ѝ ги дале во текот на годините ѝ значат повеќе од што било друго.

Поранешниот американски претседател Барак Обама потоа објави и соопштение во кое се наведува дека тој и неговата сопруга Мишел ќе направат сè Камала Харис да биде следниот претседател на САД.

Поради зголемената загриженост на гласачите за неговото здравје, Џозеф Бајден се повлече од претседателската трка и на тој начин ѝ го отвори патот на Камала Харис до место во Белата куќа.

Би можело да ве интересира

Камала Харис: Се разликувам од Бајден затоа што нудам нова генерација на лидерство

Тејлор Свифт ја поддржува Камала Харис

Горан Наумовски

Објавена највлијателната анкета: Трамп води, гласачите сметаат дека Харис е премногу либерална

Трамп: Навреден сум што Путин ја поддржа Камала на претседателските избори

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Путин: Русија сака Харис да победи на претседателските избори во САД

ВИДЕО: Харис ја зголеми предноста пред Трамп