ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски ја води државата напред, а Филипче да каже како направи хациенда од милион евра, купи џип и направи портфолио од фирми

Од:

Мицкоски ја води државата напред, а Филипче да каже како направи хациенда од милион евра, купи џип и направи портфолио од фирми. Македонија за еден месец има поголем напредок, од со СДС за 7 години. Државата доби ефтини средства од Унгарија, држава членка на НАТО и ЕУ, по камати пониски од државните обврзници на САД и земјите од ЕУ. Најавена е голема странска инвестиција во областа на зелената енергија, големи странски инвеститори присутни во земјата водени од сигурноста која ја пружа владата се одлучуваат на големи нови инвестиции. Пензиите се покачуваат. Име повеќе за секого, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Филипче пред да зборува за било што, нека каже со кои пари неговото семејство ја изгради хациендата на Водно? Истата со над 400 м2 станбена површина чини повеќе од милион евра. Филипче да каже на чие име е џипот Ауди Q8, и со кои пари е платен и зошто? Очекуваме одговор и за фирмите во Бугарија, но и за фирмите на брат му со Вице Заев. Тендер министерот Филипче должи одговорни за Онкологиjа и за Хематологија и Ирина Пановска, и за одуларната болница во Тетово, и за вакцините и за редица други крвави и дебели тендери. Одговори мора да има – велат од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ со прашање до ВМРО: „Дали сте вие нормални?“

ВМРО-ДПМНЕ: Бидејќи СДС викаат дека Филипче не е во Дубаи, да ги прашаме дали изиграва елита со Заев по луксузните алпски зимски центри Сент Мориц и Гармиш-Партенкирхен

Горан Наумовски

СДСМ: Кога ќе ја објавите фотографијата од Дубаи, лажговци?

ВМРО-ДПМНЕ: Заедништвото е нашата најголема сила

СДСМ: Последната фаза од кампањата на ВМРО – Репресија и политички прогон

Горан Наумовски

Политичка прозивка од ВМРО-ДПМНЕ: Нова година по дубајско време