Филипче: Исправената кичма на Мицкоски е само за домашна употреба

Од:

Христијан Мицкоски гради лажен патриотизам дома, додека молчи за средбите што ги оствари со бугарските државници, претседателот Румен Радев и премиерот Димитар Главчев во Вашингтон за време на НАТО Самитот, рече на брифингот со новинарите, претседателот на СДСМ Венко Филипче кој зборуваше за катастрофалниот начин на кој владата на ВМРО-ДПМНЕ ја води надворешната политика и за загрозената позиција на земјата во поглед на клучните прашања поврзани со нејзината евроинтеграција.

„Мицкоски има исправена кичма само за да гради лажен патриотизам дома. Во странство, во НАТО, пред бугарскиот врв очигледно си молчи. Имаше две средби со Радев и Главчев, и од двете средби ништо не кажа, а тие јасно кажаа дека обврските остануваат. Тој на тие средби не побарал ништо од тоа што го кажува дома“, истакна Филипче.

Дополнително, вели Филипче, Мицкоски не само што не работи на сметка на државата, туку напротив ја изложува на потчинетост и економска зависност од Унгарија. Ова, потенцира Филипче, се коси со предизборната реторика на ВМРО-ДПМНЕ дека Македонија е суверена држава која самостојно одлучува.

Би можело да ве интересира

Филипче: Владата повторно потфрли – препораките стигнаа кога епидемијата веќе се прошири

Мицкоски: Додека Филипче беше министер имало предупредувања за загадена вода, но институциите молчеле

(ВИДЕО) Филипче до Мицкоски: Кој премиер е виновен што Македонија тоне во загадување, сиромаштија и корупција?

Филипче: Скопје по земјотресот се издигна од рушевините, денес се разорува од погрешни политики

Филипче: Новиот министер за земјоделство да каже дали има бугарски пасош и резервна татковина

Филипче: Нема нова технологија дома, а Мицкоски ќе правел технологија за гласање од надвор

Предраг Петровиќ