Швајцарски џип прегазил велосипедист во Тетово и побегнал

Од:

Жител на Џепчиште пријавил дека на улица во Тетово во неговиот татко кој возел велосипед удрил џип со швајцарски таблички и побегнал. Повредениот од тетовската болница поради сериозните повреди бил пренесен на лекување во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде починал.

– На 22.07.2024 во 11.20 часот во СВР Тетово, Џ.М.(44) од с.Џепчиште, тетовско, пријавил дека на 20.07.2024 во 11.20 часот на кружен тек помеѓу ул.„Иво Лола Рибар“ и ул.„Благоја Тоска“ во Тетово, патничко возило „џип“ со швајцарски национални ознаки удрило во велосипед, управуван од неговиот татко З.М.(67) од с.Џепчиште, по што го напуштило местото. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Клиничка болница Тетово, по што, поради сериозноста на повредите, бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде починал, се вели во известувањето во МВР.

По насоки на јавен обвинител бил извршен увид од увидна екипа од СВР Тетово и се преземаат мерки за расчитување на случајот.

Би можело да ве интересира

Со ловечка пушка се заканувал во адвокатска канцеларија во Кичево

Велешанка ги оставила петте малолетни деца и заминала за Скопје

10-годишно девојче повредено од заталкан куршум во Глумово

Малолетник направил хаос, со автомобил удрил пешак кој се бори за живот

Тепачка за паркинг на гробиштата во Ѓорче Петров

Катерина Ѓуровски

Еден загинат, двајца тешко повредени во три сообраќајни несреќи

Катерина Ѓуровски