Фудбалерите на Динамо Киев нема да се ракуваат со играчите на Партизан

Од:

Фудбалерите на Динамо Киев денеска ќе му гостуваат на белградски Партизан во натпреварот од 2. прелиминарно коло од Лигата на шампионите. Украинскиот тим поради војна домашните натпревари ги игра во странство, па во полски Лублин ќе го пречека Партизан. Иако фокусот на играчите е на самиот натпревар, политиката се вмеша во овој настан.

Тренерот на киевскиот тим, Олександар Шовковски го критикуваше Партизан за тоа што дел од подготовките за новата сезона одработи на пријателскиот турнир во Москва. Тој ја осуди одлуката на српскиот клуб да отпатува во Москва, главниот град на земјата која го нападна неговиот народ.

Шовковски целата своја голманска кариера ја мина во Динамо Киев, за кој одигра повеќе од 633 натпревари, од кои повеќе од половина (317) без примен гол. Четиринаесет пати ја освојуваше титулата во украинскиот шампионат и уште десет пати во купот. Минатата година стана тренер.

На почетокот на прес-конференцијата пред вечерашниот меч тој прочита изјава во која истакна дека клубот не се одвојува од својот народ и оти заминувањето на Партизан на турнирот во Русија наиде на големо негодување. Тој тврди дека Партизан на тој начин изразил знак на солидарност со окупаторите на Украина и убијците на украинскиот народ и дека поради тоа нема да има официјален протокол поврзан со натпреварот. Ракувањето на играчите пред натпреварот не се очекува.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

Фудбалерите на Рома го победија Динамо Киев во третото коло од Лигата на Европа

УЕФА го казни Партизан со 40.750 евра поради инциденти со навивачите на мечот против Лугано

ВИДЕО: Украинците одбија да се ракуваат со Партизан

ФИФА ја укина суспензијата на Партизан, „црно-белите“ можат да пријават нови играчи