А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

За шест месеци во функција акцелераторот во ГОБ „8 Септември“, најавува Таравари

by А1он22/07/2024 - 13:49264
Share0

Акцелераторот во ГОБ „8 Септември“ се очекува да профункционира за шест месеци откако ќе завршат потребните подготовки, најави денеска министерот за здравство Арбен Таравари.

Следете a1on на Instagram Instagram

– За акцелераторот ни треба време, најмалку околу три месеци за да се направат одредени контроли од специјалисти по таа област, да ни кажат што недостасува и што треба да се инвестира. Не би рекол дека пред шест месеци би можеле да го ставиме во функција акцелераторот. Состојбата изгледа добра таму каде што е поставен акцелераторот, ние ќе дојдеме да го промовираме откако ќе бидат третирани двајца или тројца пациенти. Меѓутоа, дајте ни рок, барем шест месеци да ги направиме сите потребни подготовки за да може да функционира, рече Таравари на новинарско прашање по посетата на ГОБ „8 Септември“.

За акцелераторите во болниците во Штип и Битола, рече дека ќе може да информира по посетите на двете болници.

-За штипскиот се уште немам информација. Мислам дека е нефункционален. Меѓутоа, дајте ми време да ја посетам болницата и да видам, а во Битола се надевам дека за две недели ќе бидеме таму. И таму акцелераторот не функционира, меѓутоа амбулантата за среќа функционира. Да видиме што може од она што е останато да ставиме во функција, рече Таравари.

Следете a1on на Youtube YouTube

Тој потврди дека стои на ветувањето дека сите податоци што ќе бидат собрани за акцелераторите, ќе бидат доставени до Обвинителството кое ќе треба да провери дали има основ за кривично дело.

– Работат службите во Министерството. За „8 Септември“ немав точни информации, тој е употреблив, само останува за Штип да видиме и за Битола. Во Битола е користен колку што знам, и сега ќе видиме колку може повторно да се активира, меѓутоа сите податоци ќе ги испратиме на крај онаму каде што треба. Тоа ни е обврска, рече Тараври.

Акцелераторите за ГОБ „8 Септември“ и за болниците во Штип и Битола, вредни милионски суми, беа набавени пред околу една деценија, но досега воопшто не беа ставени во функција. Со набавката и ставањето во функција на овие медицински апарати треба да се овозможи пациентите болни од рак кои живеат во внатрешноста, да не мора да патуваат до Скопје за да примат радиотерапија.

arben taravaribolnica 8 septemvri

Би можело да ве интересира

Мицкоски му одговори на Таравари за враќањето во владата и го потсети на тендерот „Ѓока констракшн“

Катерина Ѓуровски23/06/2026 - 12:58

Арбен Таравари поднесе тужба за клевета против Изет Меџити

Горан Наумовски26/02/2026 - 14:4226/02/2026 - 15:07

Алијанса на Таравари ќе го оспри „Безбеден град“ пред Уставен суд

Катерина Ѓуровски25/01/2026 - 20:3525/01/2026 - 20:36

ВЛЕН: За сала од 50.000 евра, Таравари потроши 750.000 евра народни пари

Горан Наумовски25/12/2025 - 10:43

Во болницата „8 Септември“ е донесена почината жена од Скопје

Горан Наумовски14/12/2025 - 14:11

ВРЕДИ: Таравари отиде за шест општини, остана со четири заврши со нула

Катерина Ѓуровски21/10/2025 - 09:28
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео