ВМРО-ДПМНЕ: Нема да дозволиме криминалците преку лажни обвинувања да го сведат ВМРО-ДПМНЕ на нивно ниво

Од:

Од 30 дена, владиниот авион министрите на ДУИ и СДС го користеле 25 дена. Меѓу другото и за летови до Ниш. Ваквата искористеност на владиниот авион сега допринесе за сервис кој чини еден милион евра кои ќе биде платен од буџетот на граѓаните. Воедно да не се заборави дека Заев на настани во Македонија одеше со државен хеликоптер, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„СДС повторно покажува дека нема никаква визија или идеја за иднината на Македонија. Нивните празни зборови и бесмислени обвинувања не можат да ја прикријат нивната неспособност и корупција. Заради ваквиот однос на СДС како oвој оваа партија доживеа историски пораз и забрзано тоне кон целосна не релевантност. Во периодот кога тие беа на власт, Македонија беше сведок на невидена економска стагнација, масовно иселување на младите и континуирани скандали.

Што се однесува до трошоците за кои СДС зборува, тие се далеку помали од оние кои беа направени во нивното време на власт. Не само што нивните трошоци беа целосно непродуктивни. Нема да дозволиме криминалците преку лажни обвинувања да го сведат ВМРО-ДПМНЕ на нивно ниво. СДС е партија на минатото, партија која го загуби контактот со реалноста и потребите на граѓаните. Наместо да критикуваат, нека понудат конкретни решенија за проблемите кои самите ги создадоа. ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на нашите ветувања и продолжува да работи за иднината на Македонија. Најдобриот одговор на нивната демагогија е нашата посветена работа и резултатите кои ги постигнуваме. СДС може да продолжи со своите празни напади, но граѓаните веќе ги препознаваат и знаат кој вистински работи за нив.
ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да се бори за подобра Македонија, за нашите деца и за идните генерации“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ