Активен пожарот кај росоманското село Крушевица

Од:

Активен е пожарот кај росоманското село Крушевица, информираше попладнево градоначалникот Стојан Николов.

-Борбата со огнената стихија што ги зафати атарите на селата Мрзен, Сирково и Крушевица продолжува и денеска. Во моментов се вложуваат напори и за спас на Крушевица. Благодарност до сите доброволци, ТППЕ Кавадарци а огромна благодарност и за подршката од воздух со ер тракторите, без кои борбата би била уште потешка. Заедно ќе ја победиме и оваа битка, напиша Николов на Фејсбук.

Упати апел за одговорно однесување на отворен простор на овие високи температури, со цел намалување на заканите од пожари.

Би можело да ве интересира

Се чека пристапен терен за интервенција на пожарот во Дојран

Осум пожари на отворено, три сè уште активни

ВИДЕО: Драма кај Требиње: Пожарот се доближи до селата, пожарникарите цела ноќ ги бранеа куќите

Два активни и еден изгаснат пожар до 14 часот

Активен е еден пожар, седум изгаснати

Два активни пожари на територија на државата, осум изгаснати