ВМРО-ДПМНЕ: Наместо празни прес конференции, Лукаревска нека одговори за аферата за лажен поврат на ДДВ преку кој се одливале милиони од државната каса во приватни џебови

Од:

Очигледно во СДС се уште не се разбудени од филмот во кој беа пред изборите. Таа партија заедно со нивните наредбодавци од ДУИ ја донесоа државата до состојба на банкрот, оставајќи повеќе јавни претпријатија повеќе од 3 месеци без плата, плаќајќи во ветар 240 милиони евра за автопат кој не е ни почнат, заглавувајќи во долгови профитабилни јавни претпријатија кои сега се задолжуваат пред банки и земаат кредити да сервисираат основни обврски, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Да ја потсетиме јавноста за госпоѓицата Лукаревска што таа направи да го придонесе овој хаос во државава, и што направи како составен дел од бандата на Заеви и нивниот хирург Филипче додека државата се пљачкаше бескурпулозно и се цицаа парите од граѓаните. Таа е дел од нивниот ментален склоп и од цела нивна историја и составен дел од сето зло што го направија на државата и народот.

Наместо празни прес конференции да држи Лукаревска, нека одговори на граѓаните која е нејзината улога во аферата за лажен поврат на ДДВ преку кој се одливале милиони од државната каса во приватни џебови. Можеби јавноста треба да се запознае дека целата оваа афера е во надлежност на поранешната директорка на УЈП, Сања Лукаревска. Тоа е таа Лукаревска и наместо да се сокрие или да покаже разлика од нејзините ментори Заеви таа се сили за теми кои ем не ги разбира, ем придонела лично со несовесно работење да кулминираат како проблем во државата“, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

Ангелова: Опозицијата шири лаги, инфлацијата во државата се стабилизира

ВМРО-ДПМНЕ: ЕСМ бил партиски плен на СДС и ДУИ, два милиони евра се „испрани“ преку тендер

ВМРО-ДПМНЕ: Лага е дека се суспендирани средствата од ИПАРД програмата

Горан Наумовски

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС можете да најдете буквално сѐ што не може на друго место

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Горан Наумовски