ВМРО-ДПМНЕ: Славјанка Петровска да каже дали луксузната хациенда е уште нејзина или ги крие парите од продажба

Од:

Славјанка Петровска да каже дали луксузната хациенда е уште нејзина или ги крие парите од продажба. Според катастарските снимки во моментот кога Петровска вели дека го продала земјиштето, таму била изградена луксузната хациенда, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Тоа води кон два заклучоци: Славјанка Петровска не ја продала хациендата, туку ја префрлила на друго лице, за истото да го чува и крие нејзиниот имот или таа ја продала хациендата, а парите од продажба не ги пријавила во нејзиниот анкетен лист и со тоа можеби влегла во низа кривични дела. Славјанка Петровска да не се крие зад пратеничкиот мандат и да каже дали ја крие хациендата на друго лице или ги сокрила парите од купопродажбата. ДКСК да не чека и да отвори случај“, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ