(ВИДЕО) Хитот на српската фолкерка во рекламата на Мајкл Џордан: Лука Дончиќ е виновен за се

Од:

Хитот на Вера Матовиќ „Мики, Милане“ заврши во новата реклама на Мајкл Џордан и сето тоа благодарение на Лука Дончиќ.

Познато е дека словенечкиот кошаркар ја сака оваа песна, па често ја свиреше на загревање пред натпреварите во Америка.

Лука овојпат е заштитно лице на брендот Џордан, во видеото вози автомобил на пистата, додека на радио се слуша песна од Вера Матовиќ.

Видеото на својата страна го сподели најдобриот кошаркар на сите времиња – легендарниот Мајкл Џордан, кој го следат речиси 28 милиони луѓе, па сега цела планета ја слуша Вера Матовиќ.

Самата пејачка беше изненадена од овој потег на еден од најдобрите кошаркари, но истакна и дека е многу среќна.

„Не знаев ништо за тоа, тоа е нешто на што треба да се гордееме, а не да се лутиме! Кога спортист како Лука Дончиќ ќе ме вклучи во сето тоа, добро, тоа е нешто со што треба да се гордееме. Многу сум среќна сега песната „Мики Милане“ е глобален хит, неа ја пееја сите, сите ја пеат и денес“, изјави Вера за Блиц.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ново чудо на Дончиќ, Далас води со 2-0 во финалето на Западната конференција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Дончиќ ја одигра партијата на кариерата, постигна 73 поени

Лука Дончиќ ќе ги плати погребите на жртвите од масакрот во Белград

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Лука Дончиќ го „начека“ Букер: На секунда до тепачка на теренот

Горан Наумовски

Дончиќ повторно со над 50 поени, Далас едвај во тексашкото дерби

Трипл-дабл со 60 поени, историски натпревар за Лука Дончиќ

Горан Наумовски