Македонците и другите малцинства во Албанија не ги признаваат резутатите од пописот, со Декларација бараат нов

Од:

По заедничка иницијатива на претставниците на Македонците и Грците, денеска во Тирана се одржа средба на претставниците на малцинствата, околу пописот на населението и резултатите објавени од Државниот завод за статистика, на која е донесена декларација за непризнавање и барање за спровдување посебен попис врз основа на меѓнародните стандарди.

-Попишувањето на малцинствата кои живеат на територијата на Република Албанија уште еднаш не успеа да ги спроведе најдобрите практики на ова поле, во однос на соработката со претставниците на малцинствата, наше директно учество во процесот, подготовка на јасен билтен за прашања од карактерот на етничкото потекло, мајчиниот јазик и верската припадност, стои во декларацијата.

Исто така, се наведува дека во „деликатната фаза на собирање податоци на терен, информациите што ги собравме во различни региони, во руралните средини и урбаните центри, јасно говорат за тотален неуспех“.

Заеднички став е дека постоела вмешаност во процесот на државни функционери и структури без надлежност и законска оправданост, што го поткрепуваат со веродостојни пријави.

-Под овие услови, резултатите објавени со неоправдано доцнење од Државниот завод за статистика се неприфатливи, неосновани и претставуваат јасен показател за волјата вештачки да се ограничат нумеричките големини на малцинствата. Ова е поврзано со продолжување на дискриминаторските политики, неспроведување на правата што им припаѓаат на припадниците на малцинствата и поврзани со зачувување и унапредување на нивниот идентитет. Затоа јасно ја изразуваме нашата огорченост од неуспехот на пописот 2023 во однос на малцинствата и одбиваме да ги прифатиме објавените податоци како веродостојни, се нагласува во документот.

Го повторуваат барањето дека е време за „размислување и тоа да се изрази со спроведување на ад хок процес за заклучување за демографијата и географијата на малцинствата во државата, со максимално почитување на правото и критериумот на самоизјаснување на граѓаните за етничкото потекло, мајчинот јазик и верската припадност“.

-Бидејќи меѓународниот фактор и главно Советот на Европа и Европската Унија беа главниот финансиер на процесот и дека во рамките на интегративните процеси постојат посебни обврски, од една страна, да се влијае на податоците од овој попис во однос на малцинствата и верските заедници да не бидат земени во предвид и од друга страна да го поддржат нашето барање за посебен попис со цел прибирање на наведените податоци, бараат малцинствата.

На средбата присуствувале претставници на осум од девет признати малцинства (не присуствувале претставници на бугарското малцинство) кои се признати со Законот за заштита на малцинствата усвоен 2017 година.

Во име на Македонците, се обратил, Васил Стерјовски, лидерот на Партијата Македонска алијанса за европска интеграција (АМИЕ), кој, како што изјави за МИА, ја изразил длабоката загриженост и разочарување за начинот на текот и резултатите од Пописот 2023 година.

-Едно од највознемирувачките прашања беше постојаниот и неправеден притисок од Бугарија за прогласување на македонското малцинство за бугарско. Оваа надворешна интервенција, неприфатлива и неовластена, го наруши правото на секој граѓанин слободно и без надворешни влијанија да се изјасни за својата етничка припадност. Албанските институции, наместо да гарантираат фер и непристрасен процес, се чини дека отворено ги помогнаа бугарските напори, дозволувајќи им на бугарската амбасада, фондации и групи да се мешаат во внатрешните работи на нашата земја. Ова резултираше со манипулиран и несигурен пописен процес, каде што законски заштитените податоци беа јавно објавени, за време на пописниот период, од поединци во Бугарија, рекол меѓу другото Стерјовски.

Силно веруваме, посочил тој, дека само преку пописен процес спроведен според меѓународни стандради „можеме да ги обезбедиме правата и достоинството на секој граѓанин и да изградиме фер и еднаква иднина за сите“.

Инаку, според резултатите од пописот во оваа земја од вкупно попишаните 2.402.113 жители, 2.186.917 се Албанци, 2.281 Македонец, 23.485 Грци, 12.375 Египќани, 9.813 Роми, 2.963 Бошњаци, 2.459 Власи, 584 Србија, 511 Црногорци и 7957 Бугари.

Би можело да ве интересира

Бугарска фондација ја тужи партијата на Македонците во Албанија

Катерина Ѓуровски

Продолжуваат заканите до Васил Стерјовски од Виктор Стојанов

Македонците и други малцинства во Албанија подготвуваат заедничка декларација за непризнавање на пописните резултати

Катерина Ѓуровски

Левица: Владата да ги оспори пописните резултати и да спречи бугаризација на Македонците во Албанија

Стерјовски: Се манипулира со пописот во Албанија, македонското малцинството е во опасност да исчезне

Васил Стерјовски: Македонците во Албанија се уценети од Софија да се попишат како Бугари

A1on