Украина и Чешка се договорија за изградба на фабрика за муниција во Украина

Од:

Украинската државна компанија Укроборонсервис и чешкиот производител на муниција Селиер и Белот планираат да изградат фабрика за муниција во Украина, изјави денеска украинскиот премиер Денис Шмихал по заедничките средби на двете влади во Прага.

Чешка е важен сојузник на официјален Киев во борбата против Русија и ја предводеше иницијативата со која на Украина и беа доставени стотици илјади муниција од целиот свет, пренесува Ројтерс.

„Помеѓу другите договори во областа на одбраната, договорена е и изградба на нова фабрика за муниција во Украина. Договорот е потпишан меѓу компаниите Селиер и Белот и Укроборонсервис. рече Шмихал, без дополнителни детали.

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Лавров: Западот почнува да сфаќа дека ќе остане само дел од Украина

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Украина денеска го затвори својот парламент од безбедносни причини

Горан Наумовски

Две лица загинаа во Суми, 12 се повредени

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски