Славески: Во предвидениот ребаланс на Буџет нема предвидено средства за набавка на нови автобуси во Град Скопје

Од:

Три, четири месеци пред завршувањето на минатата 2023 година, градоначалникот Арсовска имаше изјава во медиумите по 16-17-тиот неуспешен обид за изгласување на одлука за задолжување за набавка на еко автобуси, таа изјави дека во Буџетот за 2024 година ќе бидат определени средства за набавка на еко автобуси. Моето објаснување се заснова на тоа тврдење и затоа што немаше таков предлог во Буџетот за 2024 година останавме повторно на тие предлози“,истакна претседателот на Совет на Град Скопје Трајко Славески на денешната седница на Советот на Град Скопје.

Тој продолжи и додаде:

„Прашањето е дали има средства предвидени во буџетот за таа намена затоа што вчера имавме комисија за ребалансот на буџетот и не беше известено дека има во ребалансот некоја промена која оди кон одвојување на средства за набавка на автобуси“, вели Славески.

Славески запраша дали има средства во буџетот предвидени за почнување на постапката за набавка на автобуси во Град Скопје, на што градоначалничката Данела Арсовска му одговори дека да, цел еден денар има за да се отпочне.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Славески: Најдобрата опција е ова што го правиме – заштита на имотот и штедните влогови на граѓаните и продажба на „Алта банка“ АД Битола

А1он

Народна банка: Oд следната недела лимитoт за подигање готовина и плаќања се зголемува од 10.000 на 15.000 денари

А1он

Никола Мемов, Трајко Славески и Станка Трајкова: Пензионерите да бидат спокојни, исплатата на пензиите е приоритет

Горан Наумовски

Славески: Нема милионски одливи од „АЛТА банка“, трансакциите со Србија се редовни плаќања на клиентите

Народната банка воведува администрација во Алта банка Битола, неделниот лимит за плаќања ќе биде 10.000 денари

Горан Наумовски