Колони на Табановце и на Богородица, се чека над половина час

Од:

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради зголемена фреквенција на ГП Табановце за влез и ГП Богородица за излез, времето на чекање е околу 30 минути.

На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

На обиколницата Битола, патен правец Прилеп – Ресен сообраќајот се пренасочува низ градот Битола поради активен пожар.

Поради активен пожар на регионалниот пат Р1103 Неготино – Штип, кај с.Пепелиште, сообраќајот е во прекин за сите видови возила, во двата правци.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури. Термините се следни – петок од 17:00 – 22:00 часот, сабота од 09:00 до 18:00 часот и недела од 09:00 до 22:00 часот.

Би можело да ве интересира

На „Табановце“ и „Богородица“ за влез во државава се чека повеќе од еден час

Тошковски и Дачиќ: Има решение за метежот на граничниот премин во летната сезона

ВИДЕО: Литија низ Скопје со чудотворната икона на Богородица Трирачица донесена од Света Гора

Предраг Петровиќ

На „Табановце“ е уапсен осомничениот за убиството во Кочани

Горан Наумовски

На „Табановце“ за излез од државата се чека околу 40 минути

За излез од државата преку „Богородица“, „Дојран“ и „Табановце“ се чека повеќе од еден час