Четворица чувари и двајца осуденици се полесно повредени кога патничко возило и комбе на Министерството за правда се судриле на регионалниот пат Панчево-Вршац кај Алибунар.
Во несреќата е причинета материјална штета, а со полесни повреди се здобиле четворица чувари и двајца осуденици кои биле во комбето.
Истрагата е во тек и според првите проценки до судирот дошло поради тоа што возачот на патничкото возило не отстапил првенство на минување.