Во американската сојузна држава Колорадо се потврдени четири инфекции со вирусот на птичји грип Х5Н1 кај работниците на живинарска фарма, а се проверува и статусот на петтиот сомнителен случај, соопштија американските здравствени власти.
Човечките инфекции со птичјиот грип H5N1 може да предизвикаат тешка болест, па дури и пандемија, доколку вирусот мутира и стекне способност лесно да се шири меѓу луѓето, објави американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).
Никој од работниците не завршил во болница
ЦДЦ потврди четири случаи во Колорадо, соопшти државниот Оддел за јавно здравје, а петтиот чека потврда од агенцијата додека истрагата продолжува. „Примероците за петтиот работник беа веројатно позитивни во државната лабораторија во саботата и ќе бидат испратени до ЦДЦ за потврда“, се вели во соопштението.
Работниците покажале благи симптоми на болеста, а никој од нив не завршил во болница.