Бугарските поштари протестираа денеска пред зградата на Советот на министри во Софија, барајќи зголемување на платите за десет отсто, а од институциите бараат и подобро управување, за да ја спасат Бугарија од банкрот.
Поштарите извикуваа пароли против Владата, откако се собраа на штрајк во организација на Сојузот на самостојни синдикати, јави Анадолија.
Претседателот на Синдикатот Пламен Димитров во своето обраќање до присутните поштари рече дека се противи на настојувањето зад затворени врати да се приватизира поштата.
Тој рече дека на Владата и дале рок од три седмици да ги исполни нивните барања за реформа на социјалната политика или во спротивно протестите ќе продолжат.