Јанчев очекува пожарот на Серта денеска да се стави под контрола

Од:

Пожарот на планината Серта се очекува денеска да се стави под контрола и да се изгаснат конечно големите стихии, истакна кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, кој заедно со градоначалникот на Неготино, Горан Стојанов, беа на терен во неготинско.

-Денеска се работи со четири булдожери, пет багери за отсечување на теренот и локализирање на пожарот кој веќе неколку дена се шири во неготинско. На терен се вклучени и полицијата и АРМ заедно со пожарникари од Неготино и Кавадарци, со седум цистерни кои го гаснат пожарот од земја, а додека ЦУК со АРМ и МВР интервенираат од воздух со три хеликоптери и два авиони, појасни Јанчев.

Стојанов нагласи дека пожарот на Серта се гасне координирано од воздух и од земја.

-Стотина припадници на АРМ, на Министерството за внатрешни работи, ТППЕ, јавни комунални претпријатија, припадници на Национални шуми, ловџии, волонтери и локално население од утринава масовно се вклучени во гаснењето на пожарот на планината Серта, а поддршка има и од соодветна механизација. Исто така, се дејствува и од воздух со два хеликоптера од воздухопловниот ВИНГ, два авиона ер трактори, сето тоа во координација и насочен ангажман во гаснењето на пожарот, додаде Стојанов.

Би можело да ве интересира

Црвениот крст Берово апелира за донации за екипите што се борат со пожарот

Словенечки пожарникари и специјализирана опрема пристигнуваат во Берово

Ангелов: За повеќето пожари имаме индиции и докази дека се подметнати

Пожарите не стивнуваат, критично на Готен, кон границата со Грција и кај Прилеп и Кавадарци

Над 50 пожари за 24 часа, уште гори на критичните локации

Активни шест пожари, вкупно 14 на отворен простор