ВИДЕО: Прва снимка од Трамп по обидот за атентат

Од:

Доналд Трамп, поранешниот американски претседател и веројатен републикански кандидат на претстојните претседателски избори, е снимен првпат по обидот за атентат врз него на неговиот митинг во Пенсилванија.

На X е објавено видео од неговото симнување од авион. Трамп во нападот беше полесно повреден и му беше укажана помош во болница, по што беше отпуштен. Пет часа по нападот тој одлета на непозната дестинација, објавија американските медиуми, но по слетувањето било соопштено дека пристигнал во Њу Џерси.

Трамп претходно изјави дека бил застрелан во „горниот дел од десното уво“ и дека „имало многу крварење“. Во објавата на својата социјална мрежа Truth Social, тој им се заблагодари на Тајната служба и полицијата за нивниот „брз одговор“. „Најважно, сакам да изразам сочувство до семејството на загинатиот учесник на митингот, како и до семејството на уште едно лице кое беше тешко повредено“, истакна тој.

Би можело да ве интересира

Трамп: Лекарскиот преглед помина добро, лекарскиот извештај го очекувам утре

А1он

Песков: Можен е нов разговор меѓу Путин и Трамп

А1он

Трамп: Русија треба да се размрда

А1он

Макрон: Пред нас се 90 дена полни со неизвесност

Германија: Мерц повикува на трговија без царини меѓу САД и ЕУ

Трамп: Сè ќе цвета наскоро