Избувна пожар меѓу штипските села Драгоево и Селце

Од:

Пожар избувна на планината Серта меѓу штипските села Драгоево и Селце. Според информациите од градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, станува збор за пожар кој е пријавен попладневно и не е поврзан со огнената стихија во Неготинско, а која исто така е на планината Серта, но од другата страна.

-Во моментов на терен се пожарникари, доброволци и волонтери од месното население од село Драгоево. Станува збор за пожар кој е на непристипаен терен, а во моментов на самото место се над 30 луѓе, вели Јорданов.

Тој посочи дека вечерва ќе се дежура од страна на пожарникарите и месното население, со цел пожарот да не се доближе до селото Драгоево. Јорданов најави дека уште рано наутро ќе бара пожарот да се гасне од воздух.

Би можело да ве интересира

Најмалку осум лица загинаа во пожар во трговски центар во Техеран

(ВИДЕО) Голем пожар во Дубаи, гори зграда во изградба

Пожарот во Визбегово се уште е активен

Пожар во Визбегово, интервенираат скопските пожарникари

Катерина Ѓуровски

Голем пожар во Романија: Изгореа 32 домови, 300 жители се експресно евакиурани

Горан Наумовски

Пожар зафати 5.000 хектари шума, изгореа 50 куќи