Авион М-346 Билик се урна на пистата на аеродромот Гдиња-Косаково во Полска за време на обука за прослава на 30-годишнината од полската воздухопловна бригада.
Тренажните летови беа реализирани со цел да се обучи за прегледот планиран за утре. На социјалната мрежа Х се појавија видеа кои покажуваат како изгледал падот. Во моментов се водат операции за гаснење, а војници се испратени на терен.Засега не се знае колку луѓе имало во авионот, како и дали има преживеани.
❗️PILNE❗️
Podczas ćwiczeń lotniczych na lotnisku Gdynia-Kosakowo w piątek po południu doszło do wypadku samolotu Wojska Polskiego. To M-346 Bielik, który uderzył w płytę lotniska i stanął w płomieniach pic.twitter.com/p4G8lvrMi0— Koneser Unii Europejskiej (@KoneserUnii) July 12, 2024
Луѓето кои биле сведоци на оваа несреќа велат дека авионите летале многу ниско, веднаш над блискиот трговски центар.
„Му реков на мојот сопруг дека летаат толку ниско и дека нешто ќе се случи“, изјави за полските медиуми г-ѓа Илона, жителка на Гдиња.
Таа додаде дека го виделе авионот и во следниот момент избувнал пожар и дека сите „стоеле и зјапале во таа грозоморна глетка“. Тогаш ја слушнале брзата помош и им било јасно дека се случило нешто страшно.
JUST IN: Fighter jet crashes during training flight in northern Poland, pilot's condition unknown pic.twitter.com/oXJ4oionEz
— BNO News (@BNONews) July 12, 2024
Фотографиите на социјалните мрежи ги прикажуваат моментите на несреќата како и луѓето на плажата кои се сведоци на морничавиот пламен.