Кумановската полиција уапси 24-годишен арачиновец за убиство

Од:

Кумановската полиција во соработка со СВР Скопје го уапси 24-годишниот С.А. од Арачиново за сторено кривично дело „убиство“.

Осомничениот С.А. е соучесник во убиството кое се случи пред помалку од една година, односно на 18 октомври, на улицата „11 Ноември“ пред влезот на Итна помош Куманово.
Како што информираат од кумановската полиција, Б.А. со девет истрели од пиштол го убил 31-годишниот Е.Љ од село Опае.

Мотив за убиството, како што соопштува кумановската полиција, се претходно нерасчистени односи.

СВР Куманово презема мерки за пронаоѓање на уште две лица кои се уште се во бегство. Истражен судија на 24-годишниот арачиновец му одреди мерка притвор во траење од триесет дена.

Би можело да ве интересира

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он

ВИДЕО: Поголема количина дрога пронајдена во напуштени подрумски простории во Аеродром

Катерина Ѓуровски