Драматична е состојбата на терен, пожарот кој избувна во четвртокот гори се пред себе во Коринтија.
Пламените јазици се на чекор од дворовите на куќите во населбата Кучи во општина Немеа, додека пожарникарите и волонтерите се борат да го спасат имотот на граѓаните, пренесува грчкиот портал newsbreak.gr.
Копнените сили, цистерни и воздушните сили дејствуваат на теренот. Поточно, во борбата со пламените јазици учествуваат 140 пожарникари со 45 возила, шест пешадиски единици, 11 авиони и пет хеликоптери.
Порака преку бројот 112 е испратена до жителите на поширокото подрачје на Стимага Коринтија, во која се повикуваат да останат будни и да ги следат упатствата на надлежните. Поточно, пораката гласи: „Шумски пожар во поголема област Стимага Коринтија. Бидете внимателни, следете ги упатствата на властите!“
Ενώ η φωτιά καίει ανεξέλεγκτη στην Κορινθία…ο καταδικασμένος Αντ/ρχης Τ. Γκιολής…όπως είχε αποκαλύψει το #Documento…. ευχαριστεί τον Μητσοτάκη και τον Κικίλια…. αλήθεια τι ψηφίσατε ρε μαλ@@άκες…..!!!!!!#φωτια #Μητσοτάκης #ΝΔ_Ξεφτίλες #κυβερνηση_Μητσοτακη pic.twitter.com/C1OTphegkf
— th_eo (@theocha52630506) July 11, 2024
Ветерот силно дува што го отежнува гаснењето на пожарот, додека градоначалникот известува дека останале без вода.
Во изјавата градоначалникот на Вело-Вохас, Танасис Манавис, очајно изјави дека во областа нема вода.
„Гори Стимагка! Во општина Вело-Вохас насекаде има недостиг на вода, а сите надлежни молчат! Мора да се најде решение. Не може општината да гори, а да нем ни капка вода“, изјави тој за КоринтосТВ.
„Избегнавме катастрофа во последен момент со цистерните што ги довлечкавме од соседните општини. Направивме огромен напор со волонтери, државниот механизам беше активиран“, изјави тој за Live news.
„Главниот фронт на пожарот е во долот кон областа Немеа, кој се појави во областа Стимагка, општина Вело-Вохас, Коринтија“, изјави за Атина заменик-префектот на Коринтија, Анастасиос Гиолис. Тој додаде дека „во овој момент не се загрозени човечки животи и домови, но ветровите што дуваат во областа се силни и постојано го менуваат правецот“.
Исто така, Анастасиос Гиолис изјави дека „мобилизацијата на противпожарната бригада е голема, со многу воздушни средства и копнени сили“, додавајќи дека „регионот на Пелопонез ја помага работата на противпожарната бригада со цистерни и градежна опрема“.