Дејан Драгијевиќ во обвинителството сега демантира дека ја убил Данка Илиќ во Бањско Поле. Според изворот на српски „Курир“, Драгијевиќ по изнесувањето на личните податоци, име, презиме, место на живеење и други, рекол „дека не ја убил Данка Илиќ“.
– Тој сега негира се. Тој рече дека не го ни видел детето кобниот ден на патот во Бањско Поле. Тој рече дека не ја ставил во автомобил и дека не ја давел, а телото не го фрлил на депонија. Практично, сега ја раскажа речиси истата приказна како и неговиот колега, осомничениот Срѓан Јанковиќ, кој исто така во мај во обвинителството го негираше делото – вели извор на Курир запознаен со случајот.
Да потсетиме, Дејан Драгијевиќ нешто пред 10 часот беше донесен од притвор во Вишото јавно обвинителство во Заечар откако побара обвинителот повторно да го сослуша.
– На првото рочиште по апсењето го призна делото и детално го опиша! Само тој знае што се промени сега – вели изворот.