На регата во Грција загина французинката Ана Конончук

Од:

Страшна трагедија со фатален исход се случи на регатата „Егеј 600“ што се одржува во Грција.

Несреќата се случила синоќа кај Касос, а загинала француската морнарка Ана Конончук. Преовладуваа екстремни временски услови со екстремно силен ветер со јачина од 11 бофори.

Според последните информации, 40-годишната жена наводно ја удрила главата кога се скршиле едрата на чамецот. После тоа, таа паднала во морето, со уште еден член на екипажот кој бил од Украина. Едрилицата пловела под шпанско знаме.

Крајбрежната стража брзо реагирала и ги извлекла двете лица од водата. За жал, жената која имала 40-ти години била во несвест. Мажот, уште еден член на екипажот, инаку државјанин на Украина е добро и свесен.

Според грчките медиуми, условите за трката биле несоодветни, но спортистите веќе биле на море и се ближеле до крајот на едриличарската трка. Телото на Ана Конончук ќе биде пренесено во Одделот за судска медицина на Родос, на обдукција.

Би можело да ве интересира

Едриличарска регата – Охрид 2017

Ана Ололовска

Во Вардар под Гевгелија заврши годинашната „Вардарска регата Гемиџии“

Наум Локоски

Регатата „Гемиџии“ трет ден низ Вардар

Емир Латифовиќ

Тиквешка винска регата

Ана Ололовска