Судир на Антикорупциска и Судски совет за Академијата за судии и обвинители

Од:

По повод одлуката на Судскиот совет да ја отфрли иницијативата на ДКСК за утврдување на одговорност на членовите на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители (АСЈО) како ненавремена, ДКСК ја информира јавноста за следното:

– Постапката за утврдување на одговорност од страна на ДКСК е иницирана во рамките на законските рокови, како и во рамките на законски утврдените надлежности на Комисијата. Имено, Иницијативата за поведување на постапка за утврдување на одговорност е поднесена во рокот од 15 дена од приемот на последната одлука донесена од страна на Вишиот управен суд на Република Северна Македонија, во врска со конкретниот случај, а во согласност со Законот за спречување на корупцијата. И покрај тоа, сакаме да истакнеме дека рокот од 15 дена не е преклузивен рок, истиот е инструктивен рок, односно со негово пропуштање на се губи правото за преземање на определено дејствие, бидејќи нема одредба во Законот која предвидува последица од непостапувањето по тој рок.

Ја информираме јавноста дека за оваа одлука сме информирани единствено преку медиумите, додека по официјалниот прием на одлуката ќе бидат искористени сите правни средства за нејзино оспорување. Особено сакаме да потенцираме дека најголем императив во постапувањето на Судскиот совет треба да биде санкционирање на пријавените, со оглед на тоа што од страна на пријавените лица е постапено спротивно на закон, кое нешто е утврдено со одлука на ДКСК, и потврдено од Вишиот управен суд на Република Северна Македонија, во рамките на законските рокови, се вели во соопштението од Антикопупциска.

Би можело да ве интересира

Актуелниот генерален секретар Адем Чучуљ предложен за претседател на Антикорупциска комисија

Катерина Ѓуровски

Изборот на претседател на ДКСК на Комисијата за прашања на изборите и именувањата

10 кандидати за претседател на Антикорупциска во следните два дена на интервјуа во Собранието

Коментарите ви се неаргументирани и паушални – судиите му одговорија на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Антикорупциска препорача измени во Изборниот законик за рамноправен пристап до парите за рекламирање во кампања

Катерина Ѓуровски

Само 35 отсто од учесниците на локалните избори поднеле финансиски извештаи на 11-от ден од кампањата