Аларм во Полска: Сојузничките земји по втор пат подигнаа авиони во последните 24 часа

Од:

Воздухопловните сили на Полска и сојузничките земји по втор пат подигнаа авиони во последните 24 часа, наводно поради „интензивните акции на Руската Федерација“, објави Оперативната команда на вооружените сили на таа земја на социјалната мрежа Х.

„Во југоисточниот дел на земјата може да се појави зголемено ниво на бучава бидејќи полските и сојузничките авиони почнаа да летаат во воздушниот простор“, се вели во соопштението на командата.

Се наведува дека „авијацијата со долг дострел на Руската Федерација повторно извршила ракетни напади врз Украина“, поради што „се започнати сите неопходни процедури за да се обезбеди безбедност на полскиот воздушен простор“.

Оперативната команда на вооружените сили постојано ја следи ситуацијата и е подготвена веднаш да одговори на заканите“, се додава во соопштението.

Полска редовно објавуваше вакви пораки во последните месеци, а времето на нивното објавување обично се совпаѓа со предупредувањето за воздушен напад во Украина.

Во исто време, некои украински медиуми објавија дека во Киев може да се слушнат експлозии по ѕвонењето на сирената за воздушна опасност. По експлозиите, според медиумите, на повеќе места биле забележани колони чад.

За целата ситуација, енергетската компанија ДТЕК на својот Телеграм канал објави дека се уништени или оштетени три трафостаници.

„Киев. Три трафостаници на ДТЕК се целосно уништени или оштетени. Оштетена е и електричната мрежа. Работниците веќе излегоа на терен“, се вели во Телеграм каналот на ДТЕК.

Би можело да ве интересира

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија

Зеленски за рускиот напад на Днепар: Мора да извршиме притисок врз убијците

Дете загина во експлозија на нагазна мина во регионот Белгород

(ВИДЕО) Масовен руски напад на Днепар: Има мртви и ранети, горат куќи и училишта

Горан Наумовски

Данска ќе испрати војници на обука во Украина

Калас: Не знам зошто Трамп го обвини Зеленски за војната во Украина