Ураганот Берил го погоди крајбрежјето на Тексас, повеќе од 80.000 луѓе без струја

Од:

Ураганот Берил, кој сега е сила од прва категорија, денеска го погоди брегот на Тексас во близина на плажата Матагорда, соопшти Националниот центар за урагани (NHC).

Повеќе од 84.000 жители на Тексас останаа без струја поради ураганот, објави Си-Ен-Ен.

Ураганот ќе продолжи да носи обилни дождови, силни ветрови и торнада во поголемиот дел од Источен Тексас додека се движи понатаму кон копното денес.

„Предупредување за опасна по живот е во сила за делови од Тексас“, соопшти NHC.

Закана од ураган е на сила за брегот на Тексас, од заливот Мескит север до Порт Боливар, пренесува АП.

Најмалку 11 луѓе ги загубија животите кога ураганот Берил претходно ги погоди Карибите.

Се очекува Берил да ослабне до тропска бура и до утре да стигне до Арканзас.

Би можело да ве интересира

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја

ВИДЕО: Еден од најголемите урагани на овој век помина низ Флорида, тројца мртви, милиони без стуја

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Американец веслаше низ дневната соба откако помина ураганот Хелен

Ураганот Френсис ја погоди Луизијана, без струјата се повеќе од 200.000 потрошувачи

Ураганот Деби „откри“ кокаин во вредност од над еден милион долари