Царинска управа: Спречен шверц на два тона месо штетно за здравјето на граѓаните

Од:

Мобилен тим на Царинска управа викендов спречи криумчарење на два тони месо штетно за здравјето на граѓаните. Превозникот воедно и сопственик на транспортното возило, месото не го пријавил со царинска декларација, а за истото не поседувал ниту ветеринарен сертификат. По поднесена кривична пријава, донесена е и пресуда за сторено кривично дело, криумчарење на стока.

„мено, во саботата на царинска испостава Богородица на влез во државата се пријави товарно возило со грчки регистарски таблички, за коешто со царински документ беа пријавени 28 колети вода, пити, салати и пиперки. Заради извршување на детален преглед возилото е пренесено во јавен царински склад, каде по отпочнување на прегледот превозникот изјавил дека има и друга непријавена стока, замрзнато свинско месо, чија што вредност согласно дополнително приложените документи изнесува 11 илјади евра.

Случајот е преземен од страна на инспектори во Одделение за истраги при Сектор за контрола и истраги, кои поднесоа кривична пријава до Основен кривичен суд Гевгелија, каде е донесена пресуда за сторено кривично дело „Криумчарење“ по член 278 од Кривичниот законик. Царинска управа согласно своите приоритети во континуитет спроведува акции за сузбивање на сите форми на криминал, грижејќи се за безбедноста на граѓаните“, велат од Царината.

Би можело да ве интересира

АХВ донесе забрана за увоз и употреба на желудник од живина во производството на подготовки од месо

Горан Наумовски

Спречен шверц на месо опасно за здравјето – Камион на грчка фирма носел четири тони месо од дивеч во Македонија

Затворски казни за обвинетите од предметот со коњско месо во Франција

Бараат увоз на смрзнато свинско месо без царина за да се намали цената на домашните месни производи за 10 – 15 %

Маја Илиевска-Пачемска

Јагнешкото ретко и скапо пред Велигден, традиционално поскапеа и пазарите

Жарко Настоски

Да јадеме помалку месо за да се намали ризикот од нови пандемии, порачуваат експерти на ОН

Жарко Настоски