(ВИДЕО) Девет месеци војна: глад и болести во Газа, протести во Израел

Од:

Девет месеци од почетокот на војната во Газа ситуацијата во енклавата е ужасна за жителите кои по неколкупати беа принудувани да се селат и во голем број живеат во бегалскит кампови. Хуманитарните организации предупредуваат дека во камповите и низ Газа се шират заразни болести поради катастрофално лошите хигенски услови, жешкото време и недостатокот на вода и лекови. Болниците во енкалавата речиси воопшто не работат бидејќи посотојано беа по напади од израелската армија.

Агенцијата на ОН за помош и работа за Палестинците (УНРВА), исто така, објави дека децата во Појасот Газа поминуваат меѓу шест и осум часа дневно собирајќи вода и храна, носејќи тешки товари и патуваат на долги растојанија.

Во Израел, на деветмесечнината од почетокот на војната се одржуваат жестоки протести со кои се бара ослободување на заложниците. Демонстрантите блокираат автопати со барање да биде прифатен американскиот план за заложниците. Протестот ќе заврши вечер со собир пред седиштето на израелската војска.

Две третини од израелската јавност верува дека враќањето на заложниците е поважно од продолжувањето на војната во Газа, покажува анкетата објавена од израелскиот канал 12.

На дипломатски план, извор од Хамас тврди дека групата го прифатила предлогот на САД да преговара за израелските заложници.

Би можело да ве интересира

Бајден и Макрон ќе објават прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах

Либан: Нема сериозни пречки за започнување на прекин на огнот

ВИДЕО: Израелски напад во центарот на Бејрут, четворица мртви и десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Трудо: Канада ќе ја почитува пресудата на Меѓународниот кривичен суд за Нетанјаху, Галант и Ал Масри

Бејрут и денеска е цел на израелската армија

ОН: Израелските доселеници протераа повеќе од 1.720 Палестинци од Западниот Брег