Левица: 40 проценти од тие што дипломирале, ја напуштиле државата

Од:

Македонија се соочува со значителен одлив на високообразовани кадри, што годишно изнесува околу 2500 лица. Според последниот ревизорски извештај на Државниот завод за ревизија (ДЗР), Македонија е една од највисокорангираните земји во светот во оваа категорија. Ова е алармантно и покажува дека државата не ги задржува своите најквалификувани поединци. Ваквата ситуација има тенденција уште повеќе да се влошува, а државата нема ефективна стратегија тоа да го спречи.

Во последните години, државата инвестирала значителни средства за високообразовани кадри кои потоа ја напуштиле земјата. Овој одлив има сериозен ефект врз бруто – домашниот производ (БДП) и претставува значителен економски губиток.

Односот на државата кон студентите, руинираните образовни институции и студентски домови, кај секој студент предизвикува разочараност од системот, што прави тие во сè поголем број да ја напуштаат државата.

Корумпираноста на сите досегашни владеачки гарнитури, наместените конкурси на кои наместо на најквалитетните, работните позиции им се даваат на партиски кадри, прават најдобрите студенти да се принудени да ја напуштат државата за да најдат работно место соодветно на нивното образование надвор од неа.

Изминатите влади, без разлика на нивната политичка боја, покажаа неспособност и незаинтересираност да се справат со овој проблем.

Сè додека државата е во служба на капиталот, а не на човекот, луѓето нема да ја чувствуваат како своја и ќе ја напуштаат истата, а во голем број случаи и ќе се принудени на тоа.

За да се реши овој проблем, неопходно е доаѓање на нови луѓе на власт, чија цел нема да е нивниот личен интерес, и кои со радикални промени потполно ќе отстапат од досегашните практики, велат од Левица.

Би можело да ве интересира

Левица: Ден Дончев ја разобличува „борбата против криминалот“ на ДПМНЕ

Левица: “Транспарентност“ по вмровски рецепт – ДПМНЕ предлага да платиш за да видиш кој го добил тендерот, итно да се повлече предлог-законот

(ВИДЕО) Крмов: Гаши ги ускрати пратеничките прашања на опозицијата со произволно толкување на Деловникот

Левица: ДПМНЕ мести свои луѓе да го надгледуваат прислушувањето – го преземаат и граѓанскиот надзор

(ВИДЕО) Мециновиќ: ДПМНЕ го исклучи народот од одлучувањето за сопствените пари – не прифати ниту еден од 124-те амандмани на опозицијата за ребалансот на Буџетот

Левица: Студентите се оштетени за околу 6,5 милиони евра поради тоа што оброкот е замрзнат на 140 денари

А1он