Тошковски – Гир: Продолжува поддршката на ЕУ во реформите и јакнење на капацитетите на македонската полиција

Од:

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев, остварил работна средба со амбасадорот на ЕУ во Република Северна Македонија, Дејвид Гир.

Од МВР соопштија дека министерот Тошковски на средбата ја изразил својата благодарност за поддршката и соработката за време на техничката влада и за континуираната поддршка што нашата земја, но и МВР, ја добиваат во насока на реформирање и модернизација на институциите.

– Министерот Тошковски изрази уверување дека соработката и поддршката од ЕУ во следниот период само ќе се зголемуваат, конкретно и во областа на безбедноста. На средбата министерот ги претстави главните приоритети на министерството, во кои ќе биде потребна експертизата на ЕУ во постигнување на европските стандарди, со крајна цел што поскоро да станеме дел од големото европско семејство, стои во соопштението од МВР.

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев ја потенцирал тековната соработка на БЈБ во рамки на постојните проекти и искористувањето на фондовите од ЕУ, ги појаснил планираните реформи на БЈБ и потенцираше дека во фокус ќе бидат и евентуални злоупотреби на европски пари во државата, за што ќе се спроведат и соодветни истраги.

Во соопштението се додава дека амбасадорот Дејвид Гир ги истакнал тековните проекти и поддршката што ја имаме од страна на ЕУ во делот на јакнење на капацитетите на МВР, особено во делот на илегалната миграција, борбата со организираниот криминал и ги посочи предизвиците во кои треба се фокусираме во иднина во насока на доближување на европските стандарди. Гир ја дал својата поддршка во реформските процеси и ја потенцирал и можноста за поддршка од системот на ЕУ за справување со евентуални шумски пожари во летниот период.

Би можело да ве интересира

Тошковски: Македонија има најниско ниво на криминалитет во последните 20 години, сузбиени над 30 организирани криминални групи

ВИДЕО: Жестока дебата за интерпелацијата за Тошковски

Катерина Ѓуровски

Левица станува најкорисниот сојузник на СДСМ и ДУИ, Тошковски за интерпелацијата

Интерпелацијата за Тошковски на пленарна седница

Катерина Ѓуровски

Тошковски: Нападите врз дипломатски објекти нема да останат неказнети

Обвинителот Савески да го викне Панче Тошковски да ги достави доказите за „Мазут“, бара СДСМ