Како што дознава српски Курир, на булевар Крал Александар во центарот на Белград се присутни голем број членови на полицијата. Очигледно барале маж кој граѓаните го пријавиле дека носи пушка.
Според неофицијални информации, нешто по 13 часот, граѓаните на улица виделе маж со пушка и веднаш пријавиле во полиција.
– Видовме постар човек со пушка и се загриживме – изјави за Курир очевидец.
– Мажот е идентификуван и пронајден и утврдено е дека со себе имал воздушна пушка. Наводно, рекол дека ja носел на улица затоа што планирал да ja предаде на полицијата во Звездара – открива соговорникот на Курир.