ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче да се позанимаваат дали воопшто на следни избори ќе освојат пратеничко место

Од:

Партијата на гробарите на Македонија тандемот и браќата по корупција Зоран Заев и Венко Филипче наместо да се сокрие, некако крева галама за нешто што е одмината работа и кое имаа седум години време да го анализираат како власт, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Ако мислат дека се уште им проаѓаат таквите трикови и дека народот ги заборави кои се, се излажале. Тоа се истите кои: Бараа провизија на вакцини; Крадеа на цитостатици; Испумпуваа милиони од РЕК; Кои наместо цврста градба градеа модуларни болници од кои една се запали и изгоре и во смрт однесе 14 луѓе кои живи изгореа; 7 години не направија километар пат; Го зголемија долгот на државата скоро двојно, а ништо не направија како проект или дело. Списокот е долг, а причините поради кои СДС е тешка опозиција им се јасни во таа партија, а особено на Филипче. Наместо да коментираат колку да се коментира, нека се позанимаваат со тоа дали на следни избори ќе имаат гласачи за еден пратеник, зошто Филипче им стана претседател со 9.000 гласа од цела Македонија, нешто што дава индикации дека на парламентарните избори 2028 година нема да може да биде изберен ниту за пратеник, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

Левица: Брутална партизација на Државната второстепена комисија – ДПМНЕ ја претвори независната институција во партиски штаб

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: 35 години откако македонскиот народ ја потврди желбата за независна Македонија

(ВИДЕО) Кузманоска: СДС остави слаб економски раст, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ носи континуитет

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито