Најмалку две лица се повредени, а едно се води како исчезнато по експлозија во фабрика за оружје во Арканзас, пренесе АП. Експлозијата се случи во фабриката General Dynamics (GD) во Камден, на околу 140 километри од Литл Рок.
„Во моментов работиме со службите за итни случаи и можеме да потврдиме дека инцидентот резултирал со најмалку две повредени и едно лице исчезнато“, рече портпаролот на ГД, Беркли Вејли, додавајќи дека компанијата соработува со властите додека ја истражуваат.
Не е прецизирано за какви повреди се работи, иако едно лице е хоспитализирано во блиската болница, а другото со хеликоптер е префрлено во друга сојузна држава, јави АП.
GD е компанија која произведува опрема за воена авијација и оружје за одвраќање.
Објектот Камден има повеќе од 880.000 квадратни метри производствен и складишен простор и работи на воени програми како што се ракетите „Хелфајр“ и „Јавелин“ и разни минофрлачки муниции.