Филипче на прва координација со пратеничката група на СДСМ: Нашиот примарен фокус е да ја обновиме довербата кај граѓаните

Од:

Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска ја одржал првата средба и координација со пратеничката група на СДСМ, за, како што соопштија од партијата, организирано и силно делување во македонското Собрание. Со оваа средба, се додава, се означува почетокот на новото политичко делување на партијата.

На средбата се разговарало за актуелните закони кои ги предлага Владата и предлозите на кои СДСМ работи и ќе ги достави до Собранието.

-Нашиот примарен фокус е да ја обновиме довербата кај граѓаните, а пратениците на СДСМ да бидат вистински претставници на граѓаните во Собранието. Затоа, согласно моите ветувања пред членството, секој од пратениците ќе има редовни средби со граѓани во изборните единици од каде ја добија довербата и ќе биде во постојан контакт со потребите на луѓето. Преку канцелариите на пратениците и редовните средби со граѓаните, ќе осигураме дека политиките и предлозите на СДСМ ќе бидат во тесна врска со потребите и очекувањата на граѓаните, рекол Филипче.

СДСМ, се подвлекува во соопштението, ќе делува конструктивно во интерес на граѓаните и будно ќе ја следи работата на Владата и законите кои ги предлагаат.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Кошта ја потврди вистината, уставните измени се единствениот услов за ЕУ

Филипче: Внесувањето на Бугарите во Уставот не е закана за македонскиот идентитет

Горан Наумовски

Филипче најави продолжување на партнерството со НСДП во новиот политички фронт

Горан Наумовски

Владата одлучи: Нема да трошиме време и пари на референдум за европскиот пат

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче соработува со лица што го негираат македонскиот идентитет

(ВИДЕО) Филипче: ЕУ отвора врата за проширувањето, не смееме да ја пропуштиме оваа шанса