Аврамовска Мадиќ: Пристигнат само еден приговор, волјата на членовите на СДСМ е јасно и недвосмислено изразена

Од:

Во името на Централната изборна комисија би сакала да информирам дека по завршување изборниот процес и гласањето за избор на претседател на СДСМ, пристигнат е само еден приговор. Примерите коишто се наведени се веќе јавно соопштени од Комисијата, тие се незначителни и немаат речиси никакво влијание на целиот процес вели претседателката на Централната изборна комисија на СДСМ Викотрија Аврамовска Мадиќ.

– Прв пример којшто е наведен е број на членови кои побарале да им биде овозможено гласање иако не биле на избирачкиот список. Уште вчера, во текот на денот Комисијата соопшти дека е мал бројот на членови, вкупно 51 кои побараа да им биде овозможено да гласаат иако не биле на избирачкиот список. На 7 им е прифатено барањето а 44 се одбиени. Затоа што по проверка во системот се констатираше 7 се акредитирале а 44 дека не се акредитирани преку активна регистрација и не е доставен образец за активна регистрација. Оттука, целосно е несоодветно да се тврди дека станува збор за голем број на членови ниту пак да се тврди дека ова има влијание на процесот. Секој кандидат имаше свои контролори на сите 77 избирачки места и во Централната изборна комисија, на денот на гласањето. За дополнителна транспарентност и можност којашто им беше оставена да гласаат сите контролори еден ден пред изборите, односно на 29.06.2024 година. Како Централна изборна комисија констатиравме дека имаме кредибилен и демократски процес за избор на претседател на СДСМ, вели Аврамовска Мадиќ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар