Силно невреме ги погоди Швајцарија, Франција, Германија и Италија. Најмалку пет лица загинаа. Три лица ги загубија животите кога врз нивниот автомобил паднало дрво во департманот Ауб, на североистокот на Франција. Починале лица на возраст од 70 до 80 години, а четвртиот постар во автомобилот е во критична состојба, соопшти полицијата.
Violent storm this afternoon in Tonnerre, a commune in the Yonne department in Bourgogne-Franche-Comté, France 💨💨
📹 Aurelie Lambert Ackah
Via: @MeteoExpress pic.twitter.com/qc9N1cfNOn— Volcaholic 🌋 (@volcaholic1) June 29, 2024
Во Швајцарија големо невреме го погоди кантонот Тицино, на југоисточниот дел на земјата и однесе два животи во лизгање на земјиштето предизвикано од обилните дождови, потврди полицијата. Околу 70 луѓе се евакуирани од кампот во Могно кој се наоѓа во кантонот Тицино. И поголемиот дел од Швајцарија беше зафатен од невреме и врнежи во неделата.
Violent storm this afternoon in Tonnerre, a commune in the Yonne department in Bourgogne-Franche-Comté, France 💨💨
📹 Aurelie Lambert Ackah
Via: @MeteoExpress pic.twitter.com/qc9N1cfNOn— Volcaholic 🌋 (@volcaholic1) June 29, 2024
Драматични слики пристигнуваат и од северот на Италија, каде се излеале реките, како и од западот на Швајцарија. Улиците беа целосно поплавени. Во Германија поради силно невреме, силен дожд и град мораше да се прекине натпреварот меѓу Германија и Данска.
Изинатиот викенд четири лица загинаа во невремето во Швајцарија.