Застој на „Табановце“ и на “Богородица“, се чека во огромни колони

Од:

Зголемен е временскиот период на чекање на ГП Табановце и за влез и излез, поради прогласеното црвено ниво на безбедносен ризик од тероризам во соседна Србија, соопштија денеска од МВР.

– Денеска во периодот од полноќ до 10.00 часот на ГП Табановце, влез оствариле 416 државјани, а излез 544 македонски државјани. Влез оствариле 3.611 странски државјани, а излез 942 државјани.Граничните полиции на двете држави се во постојана комуникација, со цел овозможување брз и непречен проток на патници и возила, но и соодветна контрола поради новонастаната состојба, велат од МВР.

Огромни колони и повеќечасновно чекање има и за излез од земјава на граничниот премин кон Грција, „Богородица“. Се стои и во неколку колони и тоа во период од денот за кој не е вообичаено да има метеж. Во балканските групи на социјалните мрежи во кои се објавуваат информации за летување во Грција, има поплаки за долгите чекања во километарски колони.

Состојбата на граничните премини може да ја следите на овој ЛИНК.

Би можело да ве интересира

Викендов на „Табановце“ во земјава влегоа над 36.000 македонски државјани

А1он

Повторно блокади на премините кон Грција, двапати по четири часа

Граничниот премин „Богородица“ е затворен за сообраќај

Преминот „Евзони“ – „Богородица“ е затворен за сообраќај

Богородица и Меџитлија денеска повторно ќе бидат блокирани двапати по четири часа

Катерина Ѓуровски

Повторно блокади на Богородица и Меџитлија поради протестите на грчките земјоделци