Голем шумски пожар во близина на Атина: Пожар зафати куќи, бројни пожарникари и 17 авиони учествуваат во гаснењето

Од:

Грчките пожарникари денеска се борат со шумски пожар јужно од Атина, а силниот ветер ги отежнува нивните напори. Битката со огнената стихија следела само неколку часа откако успеале да спречат пожарот да се прошири во планинската област исто така во близина на главниот град.

Десетици пожарникари, поддржани од 17 авиони, се борат да го локализираат новиот пожар што избувна во ретко населена област во близина на градот Кератеа, на околу 35 километри јужно од Атина.

Грчката телевизија прикажа најмалку една куќа во пламен и чад што се издигнува над запалените борови шуми и маслинови градини, додека грчките медиуми објавија дека пожарот зафатил најмалку пет куќи.

Во текот на викендот низ Грција избувнаа десетици шумски пожари, потпомогнати од силните ветрови.

Би можело да ве интересира

Пожар во куќа во Кавадарци, пронајдено тело на маж кој најверојатно се задушил

Трагедија во нелегален хостел: Петмина загинати во пожар во Полска

Обид за атентат врз гувернерот на Пенсилванија

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

Нема повредени во пожарот кај Клинички центар, зафатени две возила и фасада на зграда

Голем пожар во близина на Клинички центар

Катерина Ѓуровски