Голем пожар на грчкиот остров Серифос во Егејското Море

Од:

На грчкиот остров Серифос во Егејското Море неконтролирано гори шумски пожар, поттикнат од силни налети на ветер, поради што властите наредија евакуација на неколку села, соопшти денеска противпожарната служба.

Во соопштението се наведува дека повеќе од десет пожарникари со четири возила се борат со стихиите кои ја зафатија ниската вегетација, но многу брзо се проширија поради силниот ветер.

Во цела Грција температурите се високи, а ветровите силен, а вчера избувнаа педесетина пожари.

Грчкиот министер за цивилна заштита Василис Кикилијас синоќа изјави дека интензитетот на шумскиот пожар во планинската област Парнита надвор од Атина е намален, но дека околу 200 пожарникари, поддржани од специјализирани авиони, се уште се борат со пожарот.

Силните налети на ветер што дува со сто километри на час им отежнуваат на пожарникарите да го изгаснат пожарот на Парната, на дваесетина километри од Атина.

Би можело да ве интересира

Пожар во куќа во Кавадарци, пронајдено тело на маж кој најверојатно се задушил

Трагедија во нелегален хостел: Петмина загинати во пожар во Полска

Обид за атентат врз гувернерот на Пенсилванија

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

Нема повредени во пожарот кај Клинички центар, зафатени две возила и фасада на зграда

Голем пожар во близина на Клинички центар

Катерина Ѓуровски