(ВИДЕО) Шумски пожари во Турција: Евакуирани гости на два хотели во областа Кушадаси

Од:

Шумски пожари избувнаа во Езине во провинцијата Чанкале, во областа Кушадаси во провинцијата Ајдин и во областите Мендерес, Селџук, Тир и Чешме во Измир, а турските пожарникари ги гаснат по воздушен и копнен пат. Евакуирани се жителите на неколку села и гостите на два хотела во Кушадаси.

Првиот пожар избувнал во атар на селото Карачадаг, во Измир, во саботата околу 13 часот по локално време и бил изгаснат во рок од десет минути, вклучително и од воздух, јави телевизијата ТРТ Хабер.

Како дел од мерките на претпазливост, евакуирани се жители на едно село.

Уште еден пожар избувна во одморалиштето Чешме во провинцијаta Измир кај селото Гермијан, како и покрај автопатот Измир-Чешме.

Поради пожарот, делницата од Измир до Чешме беше затворена за сообраќај околу 20 минути, но по интервенција на екипите, патот е повторно отворен.

Во провинцијата Чанаккале, пожарникарите го гаснат пожарот што го зафати земјоделското земјиште во регионот Езине, а жителите на две села се евакуирани.

Голем шумски пожар започна во провинцијата Измир во близина на крајбрежното село Памучак, а набрзо се прошири и во шумата во одморалиштето Кушадаси во соседната провинција Ајдин.

Сообраќајот на автопатот Селџук-Кушадаси е во прекин поради пожарот.

Два хотели и куќи во областа Бајраклидеде се евакуирани поради пожарот, кој под влијание на ветерот се движел кон Кушадаси.

Гостите кои престојуваа во погодените хотели беа упатени во други хотели во областа.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски